Донесен Буџетот на oпштина Илинден за 2016 година
Советот на општина Илинден го донесе Буџетот на општината за 2016 година што изнесува 518.683.000 денари или околу 8,5 милиони евра. При донесувањето на Буџетот применет е партиципативниот принцип на буџетирање при поставувањето на приоритетите на локалната заедница.
Како што соопшти Општината, посебен акцент во Буџетот за 2016 година е ставен на капиталните расходи кои заземаат 63 проценти од планираните средства во основниот буџет, од што се гледа неговата развојна компонента.
Голем дел од капиталните расходи во износ од 146 милиони денари се планирани за подобрување на локалната патна инфраструктура, за изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалната патна инфраструктура, за подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони, за одржување на постојната патна инфраструктура и изградба на сообраќајни и пешачки мостови.
Меѓу покрупните проекти опфатени во Буџетот за реализација во 2016 година е продолжувањето со реализација на капиталниот проект изградба на фекална канализација за прифаќање, третман и одведување на отпадните води со пречистителни станици.
Ново на Сител
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае