Донесен буџетот на општина Гази Баба за 2017 година
Општина Гази Баба го донесе буџетот за 2017 година, кој изнесува 1.110.090.000 денари. Во однос на 2016 година буџетот е зголемен за 5,4 отсто.
Основниот буџет изнесува 650.550.000 денари, од кој најголем дел се средства за капитални инцвестиции во делот уредување на градежното земјиште, изградба на патна и комунална инфраструктура, капитални инвестиции во образованието, социјалната заштита и заштитата на децата, урбанистичко планирање и носење на деталните урбанистички планови,
Во буџетот се планирани средства и за подобрување на јавното осветлување, за реализација на локалниот еконономски разој и поддршка на проекти од стратегијата за ЛЕР, за подобрување на комуналната хигиена и заштита на животната средина, за реализација на проекти од програмата за заштита и спасување, за подобрување на училишниот спорт, за поддршка на спортските здруженија и клубови и за негување на културата и културната традиција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна