Донесен Буџетот на општина Делчево
Советот на Општина Делчево го донесе Буџетот за 2017 година, којшто изнесува 255.106.000 денари.
Раководителот на Секторот за финансии и буџет на општината Анка Христова истакна дека буџетот е планиран согласно законската регулатива, досегашниот тренд на анализа на наплата на пооделни приходи и врз основа на предвидувањата и очекувањата.
- Даночните приходи се планирани на износ од 35 милиони денари, неданочните приходи на 19 милиони денари, трансферите од други нивоа од власт во износ од 70 милиони, капиталните приходи од 5,6 милиони денари, приходи од дотации 123 мил денари, рече Христова.
Таа додаде дека даночните приходи од 35 милиони денари се составени од данок на доход, од добивка и капитални добивки во износ од 1,7 милиони денари, даноците од имот од 16 милиони денари, даноците од специфични услуги од 17 милиони денари и такси или дозволи за користење дејност 170 илјади денари.
- Во оваа структура најголеми учество имаат приходите остварени од даноци од специфични услуги, каде влегуваат комуналните такси, надомест за уредивање на градежно земјиште, јавно осветлување, истакна фирма и слично, рече Христова.
Капиталните расходи во буџетот се планирани во износ од 63 милиони денари. - Расходите се утврдени по нивните намени и видови, во плати и надоместоци износот е 130 милиони денари, резерви 50 илјади денари, стоки и услуги 55 милиони, каматни плаќања 100 илјади денари, субвенции и трансфери 4, 5 мил денари, социјални бенефиции еден милион денари, а капиталните расходи се во износ од 63 милиони денари, појасни Христова.
Ново на Сител
-
Го прегазил на пешачка со мотор и избегал, детали за сообраќајката во која скопјанец загина на кеј кај „Жабар“
-
Најмалку 51 лице загинаа во монсунските дождови во Индија, 22 се водат како исчезнати
-
Две лица починаа поради топлотниот бран во Франција
-
Битолчанка лажно се претставила како вработена во МВР и измамила сограѓанин за 22 500 евра
-
Турските власти запленија 825 килограми хероин во операција во Адана
-
Без вода неколку улици во Скопје поради дефект
-
Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско
-
Електронски ќе се пријавуваат неправилности во здравството