Македонија
14. March 2022 - 21:19

Донесе ли Борел пораст на евроскептицизмот?

Пораки зад затворени врати или потврда за безбедноста на Македонија? Од европскиот претставник за надворешна политика и безбедност јавноста не слушна новост – во ЕУ постои волја за определување на датум за преговори, но тој ќе стигне по решавање на спорот со Бугарија.

По посетата на Борел збунети останаа и експертите.

Николовски смета дека и покрај старите пораки за Македонија кои ги донесе Борел, поддршката за ЕУ во земјава е стабилна.

Посетата на Борел ја анализираше и професорот Даскаловски. Во дневникот на Сител рече дека геополитичките случувања неминовно мора да донесат забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Високиот претставник на ЕУ денеска се сретна со повеќе министри од македонската влада, но и со лидерите на најголемите политички партии. По средбите во Скопје, Борел имал телефонски разговор и со бугарскиот премиер.

Петков кусо на Твитер го опиша како добар разговор на тема регионална стабилност и евроинтеграција.