Дончиќ со нов „трипл-дабл“ ги скроти „биковите“
Лука Дончиќ одигра уште еден силен натпревар и беше во срцето на победата на Далас Маверикс над Чикаго Булс во НБА. Домаќините се наметнаа со 118-110 и сега имаат биланс од 23-13, рангирајќи се на шестото место во Западната конференција.
Дончиќ беше незапирлив и постигна 38 поени, од кои 21 во третата четвртина. Словенецот додаде 10 асистенции и 12 скокови, формирајќи го неговиот 12. „трипл-дабл“ за сезоната. Sвездата на Далас најде време и да се кара со Шак Харисон од гостинакиот тим, кој најчесто го чуваше. На крајот од третиот дел, двајцата разменија реплики, а Лука посочи на Харисон колку поени постигнал досега – 34.
Двајт Пауел исто така беше на ниво за тимот од Тексас со 16 поени, откако имаше 100 отсто успех во шутот од игра (6/6 за 2 поени и 4/4 од пенал), а Тим Хардавеј Џуниор додаде 15 за успехот.
За Чикаго, Лаури Марканен постигна 26 поени, Зак Лавин постигна 20, а Томаш Сатарански се истакна со 14, но Булс го запишаа својот четврти пораз по ред и се само 10-ти во Источната конференција.
Чендлер Хачинсон се врати во игра за Чикаго за прв пат од 27 ноември, но набргу по почетокот на второто полувреме, Булси останаа без Вендел Картер Џуниор, кој го повреди глуждот и не можеше да го доигра натпреварот.
Резултати од НБА:
Шарлот – Индијана 104: 115
Орландо – Бруклин 101: 89
Филаделфија – Оклахома Сити 120: 113
Вашингтон – Бостон 99:94
Атланта – Денвер 115: 123
Њу Орлеанс – Јута 126: 128
Далас – Чикаго 118: 110
Сан Антонио – Милвоки 126: 104
Сакраменто – Голден Стејт 111: 98.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза