-->
-->
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-->
Тренерот на Лејкерс Џеј Џеј Редик го објави датумот за дебито на новодојденецот во тимот, Лука Дончиќ.
-Лука најверојатно ќе дебитира како играч за нашиот тим во вторник против Јута. Договор за ова прашање нема, но најверојатно тој се очекува во вторник. Сите сакаме да го видиме Дончиќ во дресот на Лејкерс, изјави тренерот, на официјалниот сајт на НБА.
Лос Анџелес лејкерс на 2 февруари го објавија трансферот на 25-годишниот словенечки кошаркар.
Оваа сезона Дончиќ има просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,9 асистенции по натпревар. Дончиќ во текот на својата кариера пет пати учествуваше на Ол-стар во НБА лигата.
Во Лејкерс, Дончиќ дојде од Далас маверикс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП