Донатела Версаче замина во пензија
Заминувањето на Донатела Версаче од челната позиција на „Версаче“ предизвика „потрес” во модниот свет, а токму таа беше заслужна за неколку тоалети на црвениот тепих што го освоија целиот свет. Меѓу нив е и „најпознатиот фустан на светот” – од 2000 година.
Донатела Версаче го презеде претседателствто во 1997 година, кога нејзиниот брат Џани Версаче беше убиен на свои 50 години. А сега, првпат во 47-годишната историја, со луксузниот моден бренд ќе управува некој без презимето Версаче. Тоа, откако Донатела објави дека се повлекува од своето место и оти нејзиното место ќе го заземе Дарио Витале – некогашниот главен креативен директор на брендот „Миу Миу“ (Miu Miu).
„Ми беше најголема чест во животот да го продолжам наследството на мојот брат Џани. Тој беше вистински гениј, па се надевам дека имам малку од неговиот дух и упорност. Во мојата нова улога како главен амбасадор на брендот, ќе останам најстрастниот поддржувач на ‘Версаче’. ‘Версаче’ е во мојата ДНК и секогаш во моето срце“, напиша Донатела на својот интернет-простор.
Меѓу најпознатите нејзини креации, секако е фустанот „што го урна интернетот“, а којшто Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на „Греми“-наградите во 2000 година. Тоалетата беше толку впечатлива што бројот на пребарувања на „Гугл“ доведе до создавање на опцијата „Гугл имиџис“ (Google Images) – пребарување по слики.
– Фустанот беше доволно провокативен, претпоставувам, за навистина да ги заинтересира луѓето, изјави Лопез на 20-годишнината од првото облекување.
Меѓу познатите „парчиња“ облека на „Версаче“ е она што го носеше Бритни Спирс во 2003 година во Милано, на Џенифер Гарнер во филмот „Од 13 на 30“ (13 Going on 30), на Анџелина Џоли за премиерата на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, како и на Блејк Лајвли за „Мет-галата“ во 2018 година.
Ново на Сител
-
Ова се убиените ќерка и татко во Велес вчера, ги убил поранешниот нејзин партнер па се самоубил | ФОТО
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк