Доналд Трамп сериозно размислува да се кандидира за претседател во 2024 година
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нагласи дека ќе се кандидира за претседател на САД во 2024 година, пишува Индепендент.
Според весникот, изјавата на поранешниот шеф на државата е одговор на говорот на Џо Бајден пред Конгресот во средата, по неговите први 100 дена како претседател на САД.
Во написот се забележува дека по говорот на Бајден, сенаторот од Јужна Калифорнија, Тим Скот, веќе го изразил официјалниот став на Републиканската партија, но Трамп не чекаше долго и договори интервју за неговиот омилен ТВ канал Фокс Њуз.
Во интервјуто тој истакна дека „100 отсто размислува повторно да се кандидира“ и вети дека неговата кампања ќе биде „многу успешна“. Истовремено, тој ги повика своите верни поддржувачи да веруваат во неговото движење „Направи ја Америка повторно голема“.
Поранешниот претседател, исто така, се нарече „татко на вакцините“ и истакна дека заслужува поголемо признание за борбата против коронавирусот во САД. Доналд Трамп го обвини Бајден за „уништување на земјата“ со својата имиграциска политика на границата со Мексико и предупреди дека „убијци“ ја преплавуваат државата.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти
-
СДСМ бара оставка од министерката за образование поради недостатокот на учебници