Свет
4. November 2017 - 10:07

Доналд Трамп пристигна на Хаваи, од каде заминува на азиската турнеја

Претседателот на САД Доналд Трамп пристигна во посета на Хаваите на пат кон првата официјална турнеја во Азија.

Трамп пристигна од Вашингтон во базата Перл Харбор-Хикам. Оттаму ќе лета во Јапонија, што е негова прва „станица“’ во  рамките на 11-дневна турнеја низ Азија.

На Хаваите, Трамп ќе се сретне со претставници на Тихоокеанската команда на САД, со кои веројатно ќе разговара за кризата со Северна Кореја. Тој ќе има средба и со гувернерите на Аљаска, Хаваи и Тихоокеанските територии на САД.