Доналд Трамп помладиот објави свои дописи со Викиликс

Најстариот син на американскиот преседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот денеска објави серија приватни пораки што ги разменувал со Викиликс за време и по завршувањето на ланските претседателски избори во САД.
Објавувањето на дописите на Трамп помладиот уследи откако вчера весникот „Атлантик“ информира дека тој разменувал пораки со Викиликс и тоа во периодот кога сајтот објави дел од украдените електронски писма на демократската претседателска кандидатка Хилари Клинтон.
Во објавените дописи, Викиликс му се заблагодарува на Трамп помладиот за „позитивните коментари“ на неговиот татко за сајтот, но и бара од него да им ги достави даночните пријави на актуелниот американски претседател.
Во одговорите на Трамп помладиот до Викиликс, тој меѓу другото се согласува „да се распраша наоколу“ за политчките активности на конгресните комитети за кои пишувал сајтот.
Допишувањата почнале лани во септември и траеле до јули годинава.
Адвокатаот на Трамп помладиот, Алан Футерфас во меѓу време информира дека овие, како и други дописи им ги доставил на трите комитети на американскиот Конгрес кои водат истраги за руската вмешаност во ланските претседателски избори и за неговото учество во кампањата на татко му.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
