Доналд Трамп: Париските жртви требало да бидат вооружени
Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека жртвите во париските терористички напади требало да бидат вооружени, бидејќи тоа било единствениот начин да се заштитат од напаѓачите.
- Погледнете ја Франција, погледнете го Париз. Имаат еден од најстрогите закони во светот за поседување оружје. Ниту една од жртвите не била вооружена, а ги убивале еден по еден, истакна Трамп.
Републиканскиот претседателски кандидат нагласи дека напаѓачите убивале невини луѓе се додека специјалните полициски сили не пристигнале и не ги ликвидирале терористите.
- Можете да кажете што сакате, но да имале оружје ситуацијата би била сосема поинаква, истакна Трамп.
Една од основите на претседателската кампања на Трамп е токму заложувањето за носење оружје, бидејќи смета дека со тоа им се овозможува на луѓето да се одбранат од потенцијални напаѓачи.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила