-->
-->
Доналд Трамп ќе го разгледа прашањето за Крим, како дел од Русија, доколку стане претседател на САД
-->
Кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп ќе го разгледа прашањето околу признавањето на Крим како дел од Русија, како и укинување на санкциите против Москва, доколку тој стане претседател на САД.
- Да, ќе размислам и ќе го разгледам тоа прашање, изјави Трамп на прес-конференција во Флорида.
Според Трамп, рускиот претседател Владимир Путин не ја почитува кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, ниту пак актуелниот претседател Барак Обама. Тој се надева дека Путин има почит кон него, бидејќи тоа ќе ги подобри односите меѓу двете земји, во случај да биде избран за шеф на државата.
Републиканскиот кандидат демантираше дека има било какви врски со Русија и нагласи дека никогаш не се сретнал со Путин. Тој изрази сомнеж за улогата на Москва во скандалот со хакираната електронска пошта на Демократската партија, поради што нејзиниот лидер поднесе оставка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец
-
Нема пензионерски домови
-
Агелер: Заедно ќе го чекаме победникот
-
Преглед на вестите од светот
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата