Доналд Трамп допатува во Париз
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска допатува во посета на Париз како гостин на шефот на француската држава Емануел Macron, во рамките на чествувањата на влегувањето во САД во Првата светска војна.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, постета на Трамп доаѓа во услови кога тој се соочува со големи потешкотии на внатрешен план и обвиненија за врски на луѓе од неговото опкружување со Русија,
Иако првично беше предвидена друга програма со посета на америкнаските воени гробишта, Трамп од парискиот аеродром директно замина во Амбасадата на САД во Париз на средба со нејзиниот цивилен и воен персонал.
Официјалниот дел на посетата ќе почнува со воена церемонија со претседателот Макрон, а потоа Трамп ќе го посети гробот на Наполеон. Предвидено е двајцата претседатели да одржат разговори во Елисејската палата.
Рабпотниот дел од посетата на американскиот претседател на Париз ќе заврши со вечера во ресторанот на Ајфеловата кула.
Првите дами на двете земји, Брижит Mакрон и Меланија Трамп, во делот на нивната програма ќе ја посететат Нотр Дам во Париз, по што ќе заминат на крстарење по Сена.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
