Македонија
31. August 2016 - 8:43

Донација за поплавените во Гази Баба од Клубот на пријатели од Чешка

Десет машини за сушење ѕидови и влажни простории во општина Гази Баба ќе донира денеска Клубот на пријатели на Македонија од Чешка.

Машините се помош за активностите за санирање на последиците од поплавите кои ја зафатија општина Гази Баба.

Донацијата ќе ја предаде претседателот на чешкиот Клуб Јири Бартон на градоначалникот Тони Трајковски. 

На предавањето на донацијата во паркот Ченто е најавено присуство и на претставникот на Амбасадата на Република Чешка во Република Македонија Јозеф Брож и директорот на Средното угостителско-туристичко училиште „Лазар Танев“, Зоран Николовски, кој има  соработка со Клубот на пријатели на Македонија од Република Чешка.