Македонија
8. October 2018 - 9:53

Донација од жените бизнисменки за Здравствен дом - Прилеп

Жените бизнисменки обезбедија донација за прилепскиот Здравствен дом. Во хуманитарката акција организирана во март годинава преку продажба на слики Марили бизнис клубот обезбеди 3.150 евра кои здравствениот дом ги искористил за набавка на неопходни работи.

Хуманитарната аукција на слики  беше дел од тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што се одржа во рамки на манифестацијата Избор на 10. најуспешни жени менаџерки. На аукцијата беа купени шест уметнички слики.

Директорката на Прилепскот здравствен дом Оливера Аџиоска изрази благодарност за донацијата оценувајќи дека купените и поставени работи можеби за некого изгледаат малку, но оти за нив претставуваат нешто огромно.