Македонија
23. October 2016 - 16:28

Донација од социјалистите за пензионерите од Кратово чиј дом целосно изгоре

Најтешко е да гледаш како се она што со многу пот и работа си го градел, пред очи за неколку минути ќе стане пепел, велат Кира и Павлинка Стојмановски од кратовското село Шопско Рударе. Нивната  штотуку реновирана куќа неодамна изгоре до темел при пожар кој бил предизвикан од искрење на електрични кабли. Вредните пензионери привремено се вдомени во трошна куќа на роднини, но и од таму наскоро ќе мора да се иселат. Благодарение на

Форумот на жени на Социјалистичката партија и младите социјалисти, семејството Стојмановски доби донација од кревет, електричен мини-шпорет, мебел, обувки, облека и храна. Тоа малку ја ублажи нивната болка, но социјалистите сметаат дека институциите треба да се разбудат и да му помогнат на семејството Стојмановски.

Зимата е на праг, а баба Павлинка и дедо Кира немаат ниту дрва за огрев. Апелираат до сите хумани граѓани да им помогнат, затоа што и старите лица имаат право на достоинствен живот.
известува