Донација од Словенија во заштитна опрема против Ковид-19 во вредност од 113.500 евра
Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, денеска пристигна пратка со заштитна опрема за борба против КОВИД-19, донирана од Владата на Република Словенија на Република Македонија.
Станува збор за 45.000 парчиња трослојни медицински маски и 100.000 парчиња маски од типот KN95, со вкупна вредност од 113.500 евра.
– Словенија на тој начин одговори на барањето на Владата на Република Македонија за меѓународна помош за контролирање на ширењето на коронавирусот упатена до ЕУ односно до Центарот за координација на итни случаи (ERCC) и обезбеди материјална помош преку Владата на Република Словенија, соопштија денеска од Амбасадата на Словенија во Скопје.
Како што стои во соопштението, ова е втора донација од Република Словенија за пријателската држава односно Словенија беше прва која во април 2020, прати помош во Македонија во вид на заштитна опрема.
Во име на Амбасадата на Република Словенија во Скопје, пратката ја предаде амбасадорот Милан Предан, а во име на Македонија пратката ја прими Зулфиќар Зејнулаи, заменик директор на Дирекцијата за заштита и спасување, кој и се заблагодари на словенечката влада за пошта и солидарноста. Заштитната опрема на основ на предлог на Министерството за здравство, се наведува во соопштението, ќе се раздели на повеќе болници во државата.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
