Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
Во Министерството за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на опрема за борба со нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје. Опремата, како што соопшти МВР, ќе се користи во одделите за граничната и криминалистичката полиција.
Опремата е донирана во рамки на проектот „Поддршка за зајакнување на борбата против нелегалното поседување, злоупотреба и трговија со мало и лесно оружје во Западен Балкан“ од страна на УНДП и Европската Унија, реализирана преку Агенцијата за контрола на мало и лесно оружје на Југоисточна и Источна Европа (СЕЕСАК). Ввкупната вредност на опремата е 662.532,10 американски долари.
-Предметната донација која е поддржана од ЕУ и УНДП а реализирана преку СЕЕСАК во значителна мера ќе ја зголеми нашата ефикасност во справувањето со заканите од малото и лесно оружје, пред се на организациските единици за кои оваа опрема е наменета, односно Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за гранични работи и миграции, но и на министерството во целина. Опремата која денеска ја добиваме не е само предмети, компјутери, дронови и останати технолошки помагала, туку истата претставува и поттик за нас како институција континуирано и на дневна база да развиваме стратегија и вложуваме напори во спречувањето на злоупотребата на мало и лесно оружје. Овој проект претставува уште едно признание за успешната соработка која ја имаме со нашите меѓународни партнери од СЕЕСАК, УНДП и Делегацијата на Европската Унија, потенцираше министерот Тошковски.
Според министерот Тошковски, ваа донација сè уште е уште еден чекор во долгорочното партнерство и соработка меѓу ЕУ и МВР. Соодветната технолошка опрема е многу важна за ефикасноста на полицијата, како и усогласувањето на националното законодавство со меѓународните стандарди.
-Задоволни сме од политичката определба прикажана од Владата на Северна Македонија со одобрувањето на вториот Патоказ за одржливо решение за борбата против трговијата со оружје на Западен Балкан. ЕУ ќе продолжи да обезбеди поддршка во сите потребни аспекти, истакналл амбасадор на Делегацијата на ЕУ, Михалис Рокас.
Постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ги нагласил пошироките цели на иницијативата. - Оваа донацијата е дел од нашата поширока иницијатива за поддршка на Северна Македонија во постигнување одржливи решенија за мир и безбедност. УНДП останува решен да даде поддршка во спроведувањето на активностите со цел зајакнување на способностите на властите на Северна Македонија за извршување и на превентивните и репресивни дејствија неопходни за успешно идентификување и спречување на злоупотреба и трговија со огнено оружје, муниција и експлозиви од и преку Северна Македонија, рекол Григорјан.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода пронајден починат маж на автобуска постојка
-
Турчинка физички нападната од такси возач во Скопје
-
Мицкоски: Не може да има промена на имиња на улици без консензус
-
Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија
-
Полска и Канада потпишаа договор за соработка во областа на нуклеарната енергија
-
Сашко Коцев: Беа во цивилка, не знаев дека се полицајци
-
Сашко Коцев не застанал на полиција, удрил во полицаец па избегал
-
Најмалку 18 повредени во автобуска несреќа во Белград