Донација на Црвен Крст Куманово за 90 социјални семејства
Општинската организација на Црвениот Крст Куманово донира помош за 90 семејства од социјално ранливи категории граѓани во Куманово и соседните општини.
- Во декември, особено во предновогодишниот период, се погриживме во рамки на своите можности да обезбедиме пакети со храна, хигиена и облека за 30 социјално најзагрозени семејства од градот и општината Старо Нагоричане, изјави секретарот на кумановскиот Црвен Крст Бојан Петрушевски.
Хуманитарна помош, информираа од Црвениот крст, во декември била донирана и на семејства од кумановската населба „Средорек“. Помошта опфаќа пакети со храна за новороденчиња, пелени и облека.
Црвен крст Куманово ќе продолжи да помага и во 2018 година заедно со општествено одговорни претпријатија и хуманите граѓани.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Потребна е поддршка за членство во ЕУ | ВИДЕО
-
Николоски во работна посета на Атина, ќе се разговара за подобро регионално поврзување
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика