Доминик Строс Кан во раководната екипа на украински олигарх
Поранешниот генерален директор на ММФ, Доминик Строс Кан е ангажиран како супервизор на украинската банка Кредит-Дњепар на локалниот милијардер Виктор Пинчук.
Некогашниот француски министер за финансии и едно време силен претендент за француските претседателски избори, е вклучен во новосоздаденото тело на банката за супервизија.
Строс-Кан мораше да се повлече од ММФ, откако беше обвинет дека во еден њујоршки хотел, силувал една од собарките.Подоцна се покажа дека обвинувањето било лажно, но францускиот политичар и финансиски струшњак мораше да се откаже од било каква кариера во Франција.
Подоцна беше обвинет дека управува со „таен бордел„ во францускиот град Лил.
Строс-Кан призна дека одел на забавите што се приредувале во хотелот, но се бранеше дека незнаел оти девојките на забвите биле проститутки.
Минатата година судот го ослободи од сите обвинувања.
Украинскиот милијардер-олигарх Пинчук е зет на поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма. Се проценува дека тој поседдува богатсво од 1,4 милијарди долари.
Богатството го има стекнато во време на контроверзната украинска, посткомунистичка транзиција, преку изградената голема компанија вклучена во тешкат и машинската индустрија.
Подоцна својот бизнис, Пинчук го проширува и на други сектори, вклучувајќи го и банкарството.
Минатиот месец овој украински олигарх ги разреши сите спорови со двајца други домашни милијаредри околу еден рудник.Случајот требаше да се разреши пред судот во Лондон и требаше да биде најскапиот судски спор во англикста правна историја, но наместо тоа, дојде до вонсудско порамнување.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува