Спорт плус
12. July 2015 - 16:14

Доминација на Маркез на „Заксенринг“

Светскиот првак Марк Маркез со Рапсол Хонда доминираше на денешната трка од шампионатот во ЏиПи категоријата во мотоциклизам возена на Заксенринг во Германија. 

Второто место го освои неговиот сонародник Даниел Педроса додека трет беше Валентино Роси кој по 9 трки води во генералниот пласман со 13 бода предност пред  Лоренцо  на кого му остана само 4. место. 
На Маркез му е ова втора победа сезонава.