Домбровскис: Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година
Можен датум за влез на Бугарија во еврозоната е 1 јануари 2025 година, вели во интервју за НОВА Валдис Домбровскис, извршен потпретседател на Европската комисија (ЕК). Тој е во посета на Бугарија и денеска ќе има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со вршителот на должноста премиер Галаб Донев и со министри.
Домбровскис изјави дека главната работа што кочи на патот кон еврозоната е инфлацијата. Бугарија требаше да го воведе еврото од почетокот на 2024 година, но пред неколку дена беше објавено дека не исполнува некои од критериумите, главно поради високата инфлација.
„Критериумот за инфлација е предмет на евалуација од експерти од ЕК. Оваа оценка укажува дека критериумот не може да се покрие“, рече Домбровскис.
Тој смета дека меѓу првите чекори за контрола на инфлацијата е скротувањето на цените на енергијата.
Според него, тоа е проблем не само за Бугарија, туку и за цела Европа.
„Второ, тоа се мерките за поддршка на стопанството. Фискалната политика мора да биде стабилна, затоа мерките за поддршка мора да бидат привремени и насочени“, прецизира Домбровскис.
На темата за корупција на високо ниво и санкциите Магнитски, Домбровскис изјави дека најважното нешто во борбата против корупцијата и перењето пари е националното законодавство, пренесе БТА.
„Бугарија треба да донесе некои важни закони во борбата против перењето пари“, додаде тој.
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново