Домбровскис: До 24 мај нема да постигнеме договор за грчкиот долг
До одржувањето на средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната, закажана за 24 мај, нема да биде постигнат договор за грчкиот долг, изјави потпретседателот на Европската Комисија и комесар за еврото и социјален дијалог, Валдис Домбровскис.
- Нема да имаме целосно решение на проблемот со Грција до средбата на министрите за финансии на 24 мај, потенцира Домбровскис во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.
Домбровскис изјави дека грчката Влада наместо да обезбеди дополнителни средства преку намалување на буџетските трошоците, решила тоа да го стори преку зголемување на даноците.
- За време на нашите преговори со грчката страна ние укажавме дека намалувањето на буџетските трошоци ќе има помало негативно влијание врз растот отколку зголемувањето на даноците, но Владата во Атина сепак се реши за таа мерка, додаде Домбровскис.
Ново на Сител
-
Еврогрупата го поддржува влезот Бугарија во Еврозоната откако ќе ги исполни поставените критериуми
-
Изгоре куќа во центарот на Куманово
-
Пронајдено оружје при претрес на два дома во Кичевско
-
Интервју на министерот Муцунски за најголемиот јавен сервис во Австралија – SBS
-
Приведен дебарец при кражба на велосипед во Охрид
-
Се обидел да спречи тепачка па добил удар со пиштол во глава
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе биде инаугуриран за втор мандат
-
Став на СПМ за измена на државниот грб