Домаќинствата најголем загадувач на воздухот, покажува извештајот од Интерресорската група
Греењето на домовите е најголем извор на загадувањето на воздухот. Ова го покажува извештајот за квалитетот на воздухот подготвен од Интерресорска група составена од 17 државни институции и граѓански еколошки организации.
Извештајот вчера е усвоен на владина седница и во следниот период се очекува заедно со препораките и мерките да биде презентиран пред јавноста.
Дел од мерките што се препорачуваат за да се намали загадувањето се отпочнување на процес за евентуално враќање на исклучените граѓани од системот на централно греење во Град Скопје, да се направат законски измени со кои секој инвеститор при добивање на градежна дозвола ќе биде обврзан да приложи проект за начинот на затоплување на објектот, како и да се предвидат стимулации за нови типови на загревање како инвертер клими. На долг рок се предвидува забрана за користење на јаглен при затоплување на домовите и таа треба да се спроведе до 2021 година.
- Владата го усвои овој извештај во чија подготовка за првпат беа вклучени и граѓански организации, а кој се однесува на загадувањето на воздухот во Република Македонија, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата