Доли Партон е горда на својот младешки изглед

Доли Партон, која инаку е во осмата деценија од својот живот и честопати добива коментари дека, на пр., има вештачки изглед. Но тоа, се чини, ѝ годи.
Таа инаку е актуелна со новата ТВ-серија „Dolly Parton’s Heartstrings“, чијашто прва епизода ќе се емитува на 22 ноември.
– Кога велат „помалку значи повеќе“, јас велам – „тоа се г***арии, повеќе значи повеќе“! …Јас блескам и, јас сум жешка. Ако не сум девојка, тогаш сум кралица која руши сѐ пред себе. Ми се допаѓа сета таа распламтеност. Го сакам сиот тој сјај, раскош и разноликост, истакна Партон.
Прашана за движењето #MeToo, таа вели дека израснала во пристојно гратче.
– Имав среќа што таму луѓето во шоу-бизнисот имаа жени, сестри, братучетки и ќерки. Не беше некое големо место, како Калифорнија, каде што ќе те изедат и ќе те плукнат, вели таа.
Таа израснала во американската сојузна држава Тенеси, што важи за место со иразени традиционални вредности. На забелешката дека се чини како да не го поддржува движењето доволно, нагласува дека, напротив, таа е вистински пример за моќна жена.
– Не мора да држам говори и предавања. Го пеам тоа, Го пишувам тоа. Го живеам тоа… Го застапувам човештвото воопшто, но дефинитивно ги поддржувам тие девојки, додава таа.
Натаму, таа спомена дека сѐ уште добива комплименти од млади девојки, дека им е пример и инспирација.
Ново на Сител
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
-

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години
-

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
