Џет-Сет
5. May 2017 - 11:13

Долго се бореше: Позната пејачка конечно се оперираше

Ханка долго се бореше со деформитетот на коските на нозете, а планираната операција на чукљеви постојано ја одложуваше.

Конечно успеа да ги прилагоди обврсктие, па вчера е оперирана, а тоа го потврди нејзината ќерка Минела Бркиќ Јашар. Таа рече дека оперативниот зафат е направен во утринските часови и дека Ханка веќе попладне е пуштена на домашно лекување.

-Пред година ипол го оперираше израстокот на едната нога и неодамна дозна дека ќе мора и другиот да го отсрани. Легна во болница утрово, операцијата е извршена во десет часа, а докторите решија да ја пуштат веднаш дома. Се помина во најдобар ред, и на сите пријатели и роднини да им посочам дека мајка ми е добро и излезе од болница, вели Минела.

Пејачката уште некое време ќе остане во Германија, а според лекарите целосното закрепнување ќе трае неколку недели. Неодамна Ханка го прослави својот 61. роденден, а пред публиакта ќе се врати во јули.