Џет-Сет
30. December 2015 - 10:23

Долф Лундгрен на 58 години изгледа помоќно од кога било досега

Ханс „Долф“ Лундгрен, кој во минатото беше неодминлива ѕвезда на акциски филмови, и денес, иако има 58 години, се уште може да се „носи“ со многу помладите билдери.

Долф, кого повозрасната публика го памети како лошиот ривал на Роки Балбоа, сега работи на снимањето на филмот „Don't Kill it“, кој ќе ја има премиерата во 2017 година. Овој пат, тој ќе игра ловец на демони, за која улога мина подготовки и строг режим на тренинг.

Долф Лундберг 2

Тој вели дека не дозволува годините да му бидат пречка.

- Мора повеќе да се размислува и мора да се биде паметен. Мора секој ден да се запрашаш себе си како се чувствуваш, што те чека утре, дали си повреден, какво е енергетското ниво. Кога имаш 25 години само одиш да вежбаш и креваш тегови или трчаш. Може така и кога си постар, но наредниот ден ќе ја платиш цената за тоа, изјави Долф.

Долф Лундберг 3

Инаку, малку е познато дека Лундгрен покрај кареирата на актер, режисер и продуцент и мајстор на боречки вештини, има и диплома на инженер по хемија. Во светот на шоубизнисто е познат како еден од најинтелегентните актери, со Ај-Кју од 160.