Дол: Ова што се случува во Македонија е театар што не може повеќе да се толерира и затоа се потребни избори
Жозеф Дол, претседателот на најголемата политичка партија во Европа, Еворпската народна партија (ЕПП), на конференцијата „Западен Балкан: Кон европската иднина“ што денеска се одржува во Европскиот парламент во Брисел, испрати силна порака против она што македонската опозиција го прави во Република Македонија, нарекувајќи го театар.
Дол, кој е претседател на партијата што ги дава германската канцеларка Ангела Меркел, еворпскито лидерски двоец Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, беше дециден дека она што се прави во Македонија повеќе не може да се толерира и дека затоа се потребни изборите како решение на се, јавува дописникот на МИА од Брисел.
- Корупцијата е голем проблем во сите балкански земји и за истата да се реши потребно е да се земат европските стандарди. Ние гледаме потешкотии во Република Македонија и кога слушам и гледам што се случува во Македонија имам впечаток дека е како некоја театарска претстава. Потребни се изборите во земјата, бидејќи повеќе не може да се толерира оваа ситуација. Се мора да се преземе за да се реализираат демократски избори во земјата час поскоро и одговорноста за тоа е на двата спротивставени политички спектруми во Македонија, беше дециден Жозеф Дол.
Инаку, на денешната конференција на ЕПП во Европарламентот во Брисел учествува и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, заедно со членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Ивањиќ, европратениците Андреј Пленковиќ, Елмар Брок, Едард Кукан, Дејвид Мекалисер, Кристијан Дан Преда и други, како и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.
Ново на Сител
-
Од утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Албанската влада ќе ги обнови опожарените куќи, а ќе ги обештети и земјоделците
-
Примил 10 000 евра за наводно да влијае врз судски постапки, кривична против лице од Скопје
-
Приведена скопјанка поради криумчарење шест мигранти од Египет
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина