Документарци за женските права и ревија на италијански филмови во Кинотеката во март

Во рамки на месечната мартовска програма, Кинотеката на Македонија и оваа година ќе го одбележи 8 Март со „Вечери на женски права“ кои ќе прикажат шест документарни филма.
Од 8-ми до 12 март Кинотеката најави проекции на документарците: „Слободниот глас на Египет - Навал Ел Садави“; „Танџер Гол“; „Да си ја знаеш слободата“; „Солидарност од женски аспект“; „Аристофан во Днопоље“ и „Бог не работи во недела“.
Од 14 март во Кинотеката ќе се одржува филмскиот циклус „Прозорец кон италијанскиот филм“ кој ќе почне со драмата „Златно момче“ во која главна улога има американската актерка Шерон Стоун. Ревијата годинава ќе прикаже седум филма и ќе заврши со „Патувањето наречено љубов“ на Микеле Плачидо, филм за љубовите на поетесата Сибила Алерамо.
И овој месец Кинотека ќе продолжи да прикажува филмови од шведската кинематографија - „Разделба“ на режисерката Карин Екберг, а во рамки на Францускиот киноклуб ќе биде прикажан филмот „Случајот СК1“ на Фредерик Телие – за првиот сериски убиец кој во Франција е откриен со помош на ДНК, наречен „Ѕверот од Бастилја“.
До крајот на март Кинотеката ќе ги прикаже и: „И понатаму Алис“ (Оскар за актерката Џулијан Мур за 2014); „Јас сум Ли“ на Андре Сергре (со кинеската актерка Тао Зао и актерот Раде Шербеџија); „Пилешко со сливи“ на Венсан Пароно и Марџан Сатрапи и „Скајлаб“ на актерката и режисерка Џули Делпи.
Ново на Сител
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
