Документарци од Полска во Музејот на современа уметност
Програмата „Земја во фокусот“ на претстојниот 9. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“ е посветена на документарната кинематографија на Полска.
Во пресрет на фестивалот, кој ќе се одржува од 16-ти до 23 август, денеска од 17 до 23 часот во Музејот на современата уметност ќе се одржи претфестивалскиот настан „Полски пикник“. Филмската програма на настанот содржи десет кратки документарци кои од 1961 до 2000 година биле наградени на Филмскиот фестивал во Краков, кој наскоро ќе одбележи 60 години постоење.
Отворањето на програмата „Земја во фокус: Полска“ со осврт за полскиот документарен филм ќе биде во 17 часот, а потоа ќе следуваат проекциите на кратките документарци - од 18.30 до 20 часот во киносалата на МСУ и од 21 до 22.30 часот пред МСУ.
Ќе бидат прикажани: „Музичари“ на Казимјеж Карабаш, „На пруга“ на Бохдан Косињски, „Основно училиште“ на Томаш Зигадло, „Коса“ во режија на Марек Пивовски, „Болница“ и „Седум жени на различна возраст“ на Кшиштоф Кишловски, „Буквар“ на Војцех Вишњевски, „Сцени од животот на човекот“ на Бохдан Ѕиворски, „Сешто може да се случи“ на Марсел Лозињски и „Сестри“ на Павел Лозињски. Полскиот пикник ќе заврши со закуска и забава со полска музика.
Настанот е организиран во соработка со Филмската фондација Краков, Амбасадата на Република Полска во Скопје и Филмската и видеопрограма на Музејот на современата уметност. Влезот е слободен.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки