Докторка ја откри најчестата причина за рак – направете го ова и ќе се заштитите од пеколната болест
„Ниската киселост во желудникот е водечки извор за појава на рак на желудникот и други хронични заболувања. Ризикот за развој на овие болести го влошува и неконтролираното и несовесното препишување на антацидни препарати и блокатори на киселините“, открива специјалистот по природна медицина О. И. Синева.
Таа напоменува дека добро се крие и фактот дека главен причинител за киселини во желудникот и ждригавица, не е, всушност, вишокот, туку недостатокот на хлороводородната киселина во желудникот. Токму затоа и одредувањето на киселоста во желудникот е важна превентивна мерка и сериозен чекор на патот кон здравјето.
– Би им препорачала на сите заболени лица да посветат посебно внимание на киселоста на желудникот, без оглед на дијагнозата. Корекцијата на киселоста е токму таа критична алка којашто е неопходна за оздравување – предупредува докторката.
За одредување на киселоста на желудникот се спроведува посебна процедура којашто се нарекува – тест Хајдберг. За нејзино спроведување, болниот треба да проголта специјална капсула врзана за посебен конец. Откако капсулата ќе испрати радиосигнали, таа се вади од желудникот.
Но, таа открива и метода за дијагностика на ниската киселост на желудникот, која можете да ја спроведете и во домашни услови. Докторка Синева открила потполно безбеден тест со сода бикарбона.
Промешајте ¼ мала лажичка сода бикарбона со 150 милилитри млака вода. Испијте го овој раствор наутро, на празен желудник.
Забележете го времето коешто ќе помине до појавата на ждригнување. Доволно е да почекате не повеќе од три минути. Ако не сте ждригнале, постои веројатност за ниска киселост во желудникот. Ако пак сте ждригнале – вашата киселост е во ред.
Дали оваа метода е доверлива? Не за сите. Но, зошто да не пробате? Точноста на дијагностиката се зголемува при комбинација на горенаведениот тест со клинички симптоми на намалена киселост на желудникот, кои вклучуваат:
– отекување на стомакот, чувство на преполн желудник по оброкот;
– несварена храна, пролив или запек;
– алергија на одредена храна;
– повремени мачнини;
– иритација околу ректумот;
– омекнување, лупење и напукнување на ноктите;
– проширени вени во областите на образите и носот;
– габични инфекции и дисбактериоза на цревата;
– акни;
– недостаток на железо;
– губиток на косата
Ново на Сител
-
Уапсени велешани со еден килограм кокаин | ФОТО
-
И утре облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
-
ЦУК: До 11 часот сите патни правци во државава се проодни, освен планиските делови
-
Лишен од слобода скопјанец во Карпош, пронајдена дрога
-
Ауди најави продажба на дел од Заубер на катарски фонд
-
Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби
-
ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти
-
Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово