Докторите го отпишаа, а тој прозборе: Двегодишно дете родено без половина мозок кажа „мама“
За секоја мајка наубаво чувство е кога ќе го слушне првиот збор од своето бебе. Меѓутоа за Ема Мареј од Шкотска тоа момент беше неизвесен и не веруваше дека некогаш ќе го слушне. Кога нејзиниот свегодишен син Арон рече „мама“, беше еднакво на чудо.
Имено, момченцето е родено без поголем дел од мозокот и има само мал негов дел од каде управува со функциите на дишење и движење.
Само неколку минути по раѓањето на Арон во 2013 година лекарите на 24 годишната Еми и соопштија дека детето има редок синдром на холопросенцефалија, деформација на мозокот и лицето „неспоиви со животот“. Арон имал само мал дел од мозокот.
Уверена дека нема да преживее, Ема во болница ги повикала семејството и најблиските пријатели за да се простат од новороденчето.
Но Арон ги поби сите предвидувања на лекарите и неодамна го прослави својот 2 роденден. Тој сака да си игра и гуга со својот постар брат, 3-годишниот Џек. Со своето преживување ги шокираше и лекарите и семејството, а пред неколку недели го изговори и првиот збор „мама“.
-Лакарите по породувањето ми рекоа дека неам да живее долго, но не прецизираа колку. Рекоа дека да бил во прашање друг орган што недостасува, би му пресадиле, но мозок не може. Арон сепак од самиот почеток се покажа како вистински борец, вели пресреќната мајка.
-Ме погледна и ми рече „мама“. Не можев да верувам. Кога се роди ми рекоа дека засекогаш ќе биде ментално на ниво на новороденче, но тој веќе покажвуа напредок. Опкружен е со љубов од сите страни, а посебно од постариот брат кој рпед спиење му пее песнички, рече Ема.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица