Доколку сакате да освоите некого, само пријдете му и тивко направете го ова…
Кога сакате некого да привлечете и заинтересирате за себе, треба да му пријдете такашто вашите усни ќе бидат во близина на неговото лево уво, а тоа ќе ја скокотне неговата фантазија, ќе го разнежни и ќе покрене некои центри во неговиот мозок.
Истовремено вашата десна рака ќе биде слободно и ќе можете да ја искористите такашто суптилно, за време на разговорот, ќе го допрете соговорникот.
Доколку со некого водите професионален разговор или сакате да го држите на растојание, тогаш страните се менуваат – зборувајте им на десната страна, во близина на десното уво. Со тоа ќе ставите до знаење дека вашите намери се оперирани од емоционалното или дека се чисто професионални. Тоа се тие мали мудрости кои можат да имаат голема корист.
Научниците објаснуваат дека правилото е просто, затоа што десната хемисфера на мозокот ги контролира мускулите на левата страна, а левата ги управува мускулите од десната страна. Па така, кога намигнувате со десното око, тогаш левата страна од мозокот е во погон, а кога некој ќе ви го допре левото уво, тогаш ја покренува десната страна на мозокот.
– Токму десната хемисфера е одговорна за чувствата, интуицијата и препознавањето лица, додека левата е задолжена за наука и логика – велат тие.
Ново на Сител
-

Осум активни пожари низ државата
-

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита за сите граѓани во државата, вклучително и за бугарската заедница
-

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
-

Костадиновски - Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
-

Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП
-

Билансот од катастрофалниот земјотрес во Колумбија достигна 314 жртви, се трага по уште стотици
-

Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ му се заканувал на Трамп
-

Автомобил удри во автобуска постојка на Бит Пазар
