-->
-->
Докмановиќ: Ние не излеговме од Студената војна во односите со Бугарија
-->

Една од причините за актуелните проблеми во односите меѓу Македонија и Бугарија е тоа што односите меѓу двете земји и општества никогаш не ги надминаа односите од времето на Студената војна, изјави историчарот и професор на Правниот факултет на УКИМ, Мишо Докмановиќ, во вечерашното гостување во Tема на денот на Сител Телевизија.
Тој вели дека уште од осамостојувањето, властите во Бугарија ја признаваат нашата држава, но не и македонската нација.
„Постои еден таков континуиран страв кај бугарските власти, присутен во изминатите 30 години. Имам една теза дека ние, фактички, не излеговме од Студената војна во односите со Бугарија. Нивното ниво, на некој начин, остана на нивото на оние односи што ние ги имавме за време на Студената војна, по доаѓањето на Живков на власт во Бугарија. Имаше неколку обиди да се нормализираат тие односи, меѓутоа сепак, нашите две држави, народи и општества не комуницираа на начин на кој се очекува да комуницираат и можеби тоа е една од причините за овој нов конфликт којшто се развива. Едноставно, ние не се познаваме доволно со Бугарија, со бугарскиот народ. Можеби треба да се размислува за отворање на некои нови канали на комуникација“, рече Докмановиќ, чијашто нова книга ги анализира случувањата во првите години по осамостојувањето на земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици
-

Србија ја испраќа до Венецијанската комисија првата верзија на измените на пакетот судски закони
-

Астон Вила и Фрајбург во борба за пехарот во Лига Европа
-

Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за пехарот во Конференциската лига
-

Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади
-

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод
-

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини
-

Официјално отворање на шестата еко-акција Генералка викенд
