Дојран уште понеизвесна табела на ,,Beach Run 2016"
На третата трка од летната лига во трчање на плажа ,,Beach Run 2016" на победничкиот подиум повторно се качија најдобрите од втората трка во Претор, со што се намали разликата во табелата во вкупен пласман и се наговести уште понеизвесна разврска до крајот на серијата.
На досега најинтересната трка за публиката во преполниот Дојран, најдобри кај дамите беа Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Милена Чкрипеска, додека кај посилниот пол најбрзи беа Дарио Ивановски, Муџахид Мислимоски и Игор Јакимовски.
По ваквиот скор од Дојран, на табелата во вкупен пласман по три трки, кај девојките на врвот се наоѓаат Марија Стојановска со 70, Весна Кираџиева со 62 и Марго Бојаџиева со 39 поени, а кај машките Игор Јакимовски со 57, Дарио Ивановски со 50 и Атанас Анчевски со 45 поени. Малата разлика во поени најавува неизвесен епилог на серијата од која останаа уште две трки, следниот викенд во Маврово и последната во Охрид на крајот од месецот.
Милена Чкрипеска кај женските и Муџахид Мислимоски и Пепи Анакијев кај машките, се во реална можност со нови добри резултати да ги променат најдобрите три во двете категории.
Следната трка од серијата ќе се одржи во Маврово, во недела на 24 јули.
Ново на Сител
-

Во јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, приведени 74 лица за безобѕирно управување на возило
-

Одбраната на обвинетите службеници за „Пулс“ тврди дека Обвинителството е контрадикторно и бара преиспитување на обвинението
-

Мицкоски: Украденото мора да му се врати на народот
-

Зголемен водостојот на Дојранското и Охридското Езеро
-

Најголемата ноќ во музиката, Греми 2026
-

Приведен 22 годишен битолчанец, управувал возило со 139 километри на час на место каде брзината е ограничена 60
-

Белингам надвор од терените околу еден месец
-

А Бола: Роналдо одлучи да го бојкотира денешниот натпревар на Ал-Наср
