Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници. Хотелските капацитети се исполнети, а покрај домашните ќе има и туристи од соседните земји кои одлучиле празниците да ги поминат на брегот на Дојранското Езеро.
Според информациите од Општината, полни се и капацитетите за приватно сместување, односно викендичките и куќите за одмор кои ги користат граѓаните од други градови од државата.
- Има интерес за Дојран и во зима и тоа посебно не радува. Хотелските капацитети и кафаните се исполнети, има поголем број домашни, но и странски туристи, велат од Општина Дојран.
Инаку, за новогодишно-божиќните празници метереолозите за Дојран прогнозираат пријатно и релативно топло време, а голем дел од туристите го споија изминатиот викенд со претстојните празници.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета