Дојран ќе се промовира на туристичките саеми во Софија и Белград
Дојранскиот градоначалник Анго Ангов ги повика сите физички и правни лица од општината кои се занимаваат со туризам, најдоцна до утре да достават до општината промотивен материјал кој ќе биде презентиран пред посетителите на меѓународните туристички саеми во Софија и Белград.
На дојранскиот штанд ќе бидат презентирани приватни и комерцијални угостителски објекти, хотелски проспекти, приватни сместувачки капацитети како и најкарактеристичните висококвалитетни домашни преработки кои во последно време привлекуваат повеќе туристи особено од балканските земји меѓу кои предничат оние кои доаѓаат од Србија.
-На нашиот штанд ќе доминираат слатката од зелени смокви и киви, маслинките, фригованата риба, виното и промотивниот материјал за дојранските туристички можности и понуди, рече Ангов кој изрази надеж дека тоа ќе биде магнет за посетителите поради што уште еднаш ги повика сите туритички работници да понудат промотивен материјал за успешна презентација на туристичкиот потенцијал на општина Дојран.
Саемот во Софија ќе се одржи на 13 и 14 февруари,а на белградскиот саем општина Дојран ќе се претстави од 20 до 22 февруари.
Ново на Сител
-
МВР: Кај 23-годишник од Скопје пронајдено оружје и муниција
-
Приведени двајца возачи од Битола и ресенско, возеле пијани
-
Отпорноста на антибиотици може да убива милиони луѓе во светот
-
Кривична пријава за Кичевчанец, нападнал адвокат во судница во Дебар
-
Синдикалната кошничка во јули 65.328 денари
-
Поевтинуваат бензините од полноќ, ова се новите цени
-
Познат идентитетот на починатото лице пронајдено во Охрид
-
Скопјанка донесе на свет женско бебе во амбулантно возило на пат кон болница | ФОТО