Македонија
31. July 2022 - 16:39

Дојран го живее шпицот на туристичката сезона

Топлото време и пред празничниот викенд го наполни Дојран. Полни се и плажите и сместувачките капацитети. Во просек на дневна основа во овој туристички центар се реализираат по околу 6000 ноќевања, бројка која во текот на август  се очекува да биде двојно поголема. Освен домашните кои доаѓаат речиси од сите делови на Македонија, годинава повторно се вратија и странските транзит туристи кои наместо неколку часа летово  остануваат и по неколку дена. Сите гости го одбрале Дојран поради пријатната клима и топлата и лековита вода, но и поволните цени.

Задоволен од посетеноста и првиот дел на сезоната и првиот човек на општината. Очекува и ова лето да се остварат проекциите со 100.000 ноќевања.

До пред неколку дена еден од главните недостаци со кој се соочија туристите во Дојран беше немањето доктор. Проблем за кој од локалната самоуправа информираa дека веќе е надминат, а 24 часовната здравствената заштита до крајот на сезоната ќе ја пружат тимови  од здравствените домови од Валандово и Струмица. Во меѓувреме општината во соработка со министерството за здравство работела и на трајно решение за надминување на  проблемот стар повеќе од една деценија.