Македонија
6. јуни 2020 - 19:43

Дојран ги едуцира туристите за почитување на мерките

Дојран е отворен за сите и секој гостин е добредојден, но мерките за заштита мора да се почитуваат, порачуваат од локалната самоуправа. За да не се повторат сликите од масовни групирања на граѓани без заштитни маски, општината спроведе превентивно едукативна акција. Редари од општинските институции  во текот на денот ги едуцираа граѓаните од потребата за носење лична заштита, а на оние кои немаа им  делеа заштитни маски. Градоначалникот Анго Ангов вели дека оваа активност е со единствена цел, заштита на личното,  но и колективното здравје.

„Во духот на добри домаќини упатуваме апел да се почитуваат мерките и препораките од страна на владата, се делела и маски на оние посетители кои што немаа во моментот кога беа затекнати на теренот, така што мислам дека ја постигнавме целта и денеска имаме огромен број, односно огромен процент на посетители кои што ги почитуваат мерките и препораките,“ вели Анго Ангов-Градоначалник на општина Дојран.

Репресивно превентивни активности денека имаше и струмичката полиција. На неколку пункта се контролираа граѓаните кои не ги почитуваат мерките за заштита. Во соработка со црвениот крст на најфреквентните  локации повторно се мереше телесната температура и се делеа заштини маски.

„Целта на оваа денешна активност е да се подигне свеста кај граѓаните околу почитувањето на донесените одредби, односно носењето на заштина, опрема, односно носење на заштини маски и ракавици,“ вели Оливер Ристов - Самостоен инспектор во Отсек за превенција.

Граѓаните велат дека ги почитуваат мерките за заштита. Ги подржуваат сите активности на надлежните и апелираат на казни за секој кој не почитува.

И покрај големиот број на превентивно едукативни акции кои скоро секојдневно се реализираат,  сепак има граѓани кои прават прекршоци. До сега на подрачјето на СВР Струмица кое го покрива целиот Југоисточен регион се  евидентирани преку 800  прекршувања на владината уредба која предвидува носење лична заштита за лице. Најголемиот дел од прекршоците се регистрирани на територијата на Струмица, Потоа следуваат Гевгелија, Радовиш и Валандово.