„Дојче банк“ продава удели во кинески банки
Најмоќната германска банка се согласила да продаде 20 проценти од своите акции во кинеската Хуа Хиа Банка вредни 3,7 милијарди евра во обид да ги намали трошоците и да ја стабилизира вредноста на своите акции.
Предходно симболот на успехот германската економија кој подолго време е во криза најави дека ќе укине 15 илјади работни места од вкупно околу 98 илјади и нема да исплатува дивиденда две години.
Банката која во моментов се соочува со шест илјади судски спорови се обидува да се извади од кризата во која западна пред неколку години кога со низа лоши пласмани и застарениот начин на работење загуби голем дел од својата вредност на берзите. Пред една година вработен референт во банката по грешка исплатил сума од шест милијарди евра на погрешна сметка а поради манипулативни активности банката мораше да плати околу 2,5 милијарди евра на САД и Британија.
Според најавите од новите менаџери наскоро треба да биде продадена и германската Поштенска банка чиј сопственик сеуште е Дојче Банк.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања
-
Манасков: Брутална партизација на образованието пред избори
-
Петрушевски: Обвинителот Коцевски служи на СДСМ, наместо на народот
-
Громорозно убиство во Штип