Дојче банк предлага да се воведе нов данок за работа од дома

Дојче банк предлага да се воведе нов данок од пет проценти на платите на работниците кои ќе изберат да работат од дома. Според предлогот, даноците ќе ги плаќаат работодавачите, а остварениот приход ќе им се исплаќа на луѓето кои не можат да работат од своите домови, јави Би-Би-Си.
Како што е наведено, банката ја оправдува оваа мерка со тоа што смета дека тоа е фер, затоа што оние кои работат од дома заштедуваат пари и не плаќаат во системот како оние што го напуштаат домот за да одат на работа.
Во Велика Британија, Дојче банк смета дека преку данокот ќе се соберат 6,9 милијарди фунти годишно, што може да исплати грантови од 2.000 фунти годишно на работници со ниски примања и на оние кои се изложени на ризик од технолошки вишок.
– Со години ни требаше данок за работа на далечина. Ковид-19 го направи тоа очигледно, рече стратегот на Дојче банк, Лук Темплмен.
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, голем број работници се пренасочени да работат од дома.
Ново на Сител
-

Терористички напад во Сиднеј: Најмалку 12 мртви на плажата Бонди за време на прославата на Ханука
-

Високи функционери на ЕУ го осудија терористичкиот чин против еврејската заедница во Австралија
-

Мицкоски: Темата со мигранти е непостоечка, опозицијата сака да шири страв и паника
-

По пожар во два магацини во Гази Баба пронајдено опожарено тело
-

Мицкоски: Не кажав дека трезорот ќе се затвори на 15-ти
-

Приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа
-

Мицкоски од Бутел: По 30 години полициските службеници добиваат нова полициска станица и соодветни услови за работа
-

Десетици илјади луѓе протестираа во Будимпешта поради скандал со злоупотреба на деца
