Дојавите за бомби во белградските училишта ќе бидат окарактеризирани како терористички акт
Денешните дојави за бомби во 97 основните и средните училишта во Белград најверојатно ќе бидат окарактеризирани како терористички акт, поради што за овој случај ќе биде надлежно Обвинителството за организиран криминал.
-Разликата меѓу претходните извештаи и оние од утринава се пред се во нивната во масовност, бидејќи огромен број училишта добија дојава. Исто така, досега дојавите најчесто пристигнувале телефонски, а овој пат биле испратени по електронска пошта. Обвинителството за организиран криминал секако ќе се позанимава со ова бидејќи се работи за терористички акт, а можно е да се вклучи и Обвинителството за високотехнолошки криминал за што ќе дознаеме во текот на денот – изјавија од обвинителството за Данас.
Како што соопшти министерството за образование, утринава во Белград во 97 основни училишта и неколку средни училишта пристигнаа дојави за бомби, поради што во многу од нив наставата беше откажана, а специјалните антидиверзиони екипи на МВР утврдија дека бомбите биле лажни.
Утврдено е дека утринава дојава за поставената бомба имало и на аеродромот Константин Велики во Ниш, која исто така е лажна, соопштија од МВР.
Дојавите за поставените бомби во училишта во Белград со мејлови е со многу чудна содржина.
-Чудно чувство на смиреност како да чекаме нормален ден, иста рутина како и секогаш.Се мразиме, но сакаме да ги повредиме сите што ќе ни се најдат на патот.Чувството дека се околу нас е само сон, не не напушта Не гледаме причина да пишуваме нешто друго. На крајот, можеме да кажеме дека не сме први и далеку од последните, наведено е во мејлот кој стигна од е-маил адресата: sb1465@yandex.ru
По лажните анонимни пријави за бомби на летовите на Ер Србија од Белград за Москва, Србија повторно се соочува со „епидемија” од дојави за бомби, во трговски центри, училишта и други јавни објекти, а вчера поради дојави за бомби беа евакуирани Железничката станица на Нов Белград и Зоолошката градина.
-Во случај да се направи лажна дојава за авион или за критична инфраструктура како што е водоснабдувањето или системот за електрична енергија, обвинителството може да го оквалификува тоа како акт на тероризам. Бомбата не мора да експлодира за нешто да биде тероризам. Доколку имате политичко барање, ако имате штета, односно паника и страв, се создаваат услови тоа да биде кривично дело тероризам. Казните се многу драстични, одат и над осум години за тероризам, изјави експертот за безбедност Дарко Обрадовиќ.
Ново на Сител
-

Приведени четири украинки во полициска акција во тетовско, престојувале спротивно на целта
-

Возило изгоре после сообраќајка во близина на Кичево, тешко повредено 6-годишно девојче
-

Кривична за двајца струмичани, на сила одзеле 14.000 денари од 82-годишно лице
-

Адем Чучуљ избран за претседател на ДКСК
-

Герасимовски: Започна поставувањето на 30 дигитални уреди за бучава, 19 веќе се инсталирани во Центар
-

Во ноември отстранети 1 500 кубни метри отпад од диви депонии низ Скопје
-

Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција
-

Камбовски: Судскиот совет е во тек и ги презема потребните дејствија да утврди дали има некаков пропуст кај судот за случајот „Дурмо турс“
