Дојави за подметнати бомби и во три основни училишта во Прилеп
По добиени дојави за подметнати експлозивни направи, денеска е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“.
Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите.
Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната електронска адреса на училиштата.
Ова е прв случај на закани со подметнати бомби во училишта во Прилеп.
Според градските власти, директорите на училиштата од претходно имаат добиено упатство како да постапуваат во случаи со закани за подметнати бомби.
Претходно денескаа, дојави за поставени бомби беа упатени и на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола.
Од МВР информираа дека заканите биле упатени до седум училишта во Скопје, две во Тетово и едно во Битола. Веднаш по добиените пријави, полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се спроведуваат мерки за расчистување на случаите.
Ново на Сител
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз
-
АфД по историскиот резултат: Подготвени сме да коалицираме за формирање влада
-
Излезни анкети: Конзервативците победници на германските избори – Мерц на пат да стане канцелар
-
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро и во Општина Сарај
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО