Дојави за бомби во 18 училишта во Скопје
Нови дојави за бомби во 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје. Од МВР соопштија дека веднаш по добиената пријава, полициските службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а напаравени се антитерористички проверки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ова е трет ден по ред во текот на неделава вакви лажни закани за бомби да пристиигнуваат на мејл адресите на скопските училишта, поради што се прекинува наставата, а учениците губат часови. Иницијативата Учебници и настава мора да има на фејсбук објави дека дојавите за бомби во училиштата се испракале од електронска пошта Бугарска револуција и ги повикаа МВР МОН и МНР да истражат за што се работи.
Бугарите се играат и со нашите деца! Никој нема право да им го крати образованието а уште помалку да предизвикува стрес и немир кај нив. Време е МОН да покаже одговорност и сериозност кон децата и родителите, стои во статусот на групата.
Инаку вчера имаше дојави за бомби и во трговските центри и во МРТВ.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
