Македонија
28. October 2022 - 15:39

Дојава за бомба и во „Корчагин“

Нова дојава за бомба е испратена до скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.

На ученици од средното училиште им било кажано да ги напуштат просториите.

Ова е втора дојава за бомба во текот на денот, откако пред речиси час и половина беше соопштено за дојава во училиштето „Никола Карев“.