Договорени прелиминарните транспортни дозволи за Италија за 2017 година
Македонските транспортери за 2017 година за Италија добија 400 билатерални обични дозволи, 2.000 билатерални дозволи за возила со еуро 3 стандард, 2.250 билатерални дозволи за возила со еуро 5 стандард, 200 билатерални дозволи за возила со еуро 6 стандард, 200 дозволи валидни за возило влекач кое влече полуприколка од другата земја потписничка и 500 дозволи валидни за приколки и полуприколки пренесени преку море за да бидат влечени од влекач од другата земја потписничка.
Прелиминарната квота на поединечни транспортни дозволи е договорена на состанокот на Мешовитата комисија за патен сообраќај на Република Македонија и Република Италија на кој се разгледаа прашања од областа на меѓународниот патен сообраќај за превоз на патници и стока.
Како што информира Министерството за транспорт и врски, договорено е дозволите да важат до 31 јануари наредната година, по годината кога ќе бидат издадени.
Од Министерството посочуваат дека и во иднина ќе работат за изнаоѓање на прифатливи решенија за транспортерите се со цел непречено одвивање на меѓународниот превоз на стока и патници.
Ново на Сител
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп