Договор за изградба на мостот на патот Шипковица - Бродец
Мостот на патниот правец Шипковица – Бродец ќе се гради оваа година. Ова доаѓа откако денеска градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи потпиша договор за овој проект со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.
- Вкупната инвестиција за изгрдба на мостот чини околу 7,5 милиони денари при што Бирото учествува со 3,5 милиони денари додека остатокот од четири милиони е од буџетот на општината. Мостот ќе биде со должина од 16 метри и ширина од 6,8 метри и со неговата изградба ќе го решиме проблемот на ова критично место каде често при неповолни временски услови имаше одрони и наноси од кал, камења и песок што го блокираа нормалното одвивање на сообраќајот. Очекувам дека веднаш со потпишувањето на договорот со Бирото ќе отпочне администраитвна постапка со распишување на тендер и се друго така што се надевам дека оваа година ќе ја завршиме со овој реализиран прокет на терен, рече Арифи.
Директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи изградбата на овој мост е значајна бидејќи на овој правец се наоѓаат неколку високопланински села на Шар Планина.
- Со ова уште еднаш ја потврдуваме подршката на Владата за вакви проекти што се значајни за општините и регионите. Во следниот период преку Полошкиот плански регион со кој претседава градоначалничката Теута Арифи ќе овозможиме 25 милиони денари за изградба на регионалниот пат кон депонијата Русино. Имаме и цврста заложба за што подобро применување на одредбите од Законот за рамномерен регионален развој се со цел да се помогне на оние места и општини кои имаат најголема потреба, изјави Реџепи.
Градоначалничката Арифи посочи дека општинската администрација со добивањето на проектот за мостот Шипковица- родец уште еднаш покажала дека постојано ги следи сите повици и изготвува квалитетни проекти што се одобруваат од државните и меѓународните организации. Како позитивен пример таа го наведе и прокетот за обнова на канализацијата и патот што води до викенд населбата на Попова Шапка.
- Ние како општина преку Полошкиот плански регион учествуваме на повикот од Владата за овој прокет уште во мај годинава. Неговата вредност е околу еден милион евра и веќе ја поминавме првата фаза. Очекувам дека ќе ги добиеме овие средства бидејќи Попова Шапка е туристички центар што е важен не само за Тетово, туку и за државата, рече Арифи.
Ново на Сител
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители
-
Студено наутро, во текот на денот сончево со умерена облачност
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов