Додик призна дека во Израел бил прогласен за непожелна личност поради наредбата за апсење во БиХ

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик вчеравечер потврди дека организаторите на конференцијата за борба против антисемитизмот, што се одржува во Ерусалим, на самата средба практично го прогласиле за непожелна личност, поради што бил принуден да ја напушти.
Додик ова го изјави за израелскиот весник „Џерусалем Пост“ во текст што е достапен на веб-страницата и во кој се наведува дека бил принуден да ја напушти конференцијата за антисемитизам во Ерусалим по само еден час од нејзиниот почеток, наводно откако израелските власти го информирале дека неговото присуство е дипломатски проблематично затоа што Судот на Босна и Херцеговина наредил распишување меѓународна потерница против него.
„Дојдов во Израел да зборувам против антисемитизмот… Наместо тоа, открив дека не сум добредојден – гостин кој се чувствувал како натрапник“, рече Додик во интервјуто за главниот уредник на „Џерусалим пост“, Звика Клајн.
Клајн појасни дека луѓе од опкружувањето на Додик претходно го повикале да организира интервју што ќе биде објавено подоцна, и тој објасни дека го прифатил тоа затоа што Додик „стана централна и поларизирачка фигура во балканската политика“, а тој, како што го опишува лидерот на Република Српска, „поранешен умерен реформатор зазеде жесток националистички и проруски став“.
Иако изрази одредено разбирање за наводите на Додик за проблематичното влијание на радикалните исламисти врз БиХ, Клајн сепак посочува дека актуелниот лидер на босанските Срби „опасно зачекори во историскиот ревизионизам“, особено со негирање на геноцидот врз Бошњаците во Сребреница извршен во 1995 година.
Медиумите во РС, блиски до Додик, кои известуваат од час во час за неговиот престој во Израел, ги премолчеа наводите на „Џерусалим Пост“ и објавија фотографија од неговата средба од нога со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на конференцијата во Ерусалим.
„Во име на Република Српска дадов целосна поддршка на државата Израел и нејзиниот премиер Бенјамин Нетанјаху во борбата против антисемитизмот, тероризмот и политичката нетрпеливост“, напиша Додик на социјалната мрежа Х.
Ново на Сител
-

Во израелски напад врз училиште во Појасот Газа загинаа петмина Палестинци
-

Прилеп утре без струја од 6:30 до 11 часот поради замена на проводник на далновод
-

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост
-

Во Берово - 5 степени, над 0 само во Охрид, Виница и Крушево
-

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%
-

Хуманитарен „Божиќен базар – Гнездо 2025“
-

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат лица од странство
-

Министерството за правда на САД ги објави документи од истражните досиеја на Епштајн
