Додик повторно го обвини американскиот амбасадор дека се меша и не го почитува суверенитетот на БиХ
Претседателот на Република Српска Милорад Додик повторно го обвини американскиот амбасадор во БиХ Мајкл Марфи за мешање во внатрешните работи на БиХ, непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор.
„Говорот на американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи, пред Босанско-херцеговско-американската академија на науките и уметностите покажа арогантно непочитување на суверенитетот и самоуправата на БиХ и неповредливоста на Дејтонскиот договор“, објави Додик на Твитер.
Тој вели дека Марфи во својот говор рекол дека САД го гледаат Дејтон „како почетна точка - основа на која треба да се изгради - а не, како што некои во РС ја прикажуваат, цел сама по себе“.
Според мислењето на Додик, тоа е „признание дека САД се обидуваат да го трансформираат политичкиот систем воспоставен со Дејтонскиот договор, како и да го третираат Дејтон не како обврзувачки договор, туку како привремена мерка“.
Додик истакна дека РС не го третира Дејтон како „цел сама по себе“, туку дека го третира уставниот поредок воспоставен со Дејтонскиот договор како што е – воспоставено право и докажано средство за зачувување на мирот, стабилноста и демократска власт во земја со три длабоко поделени етнички групи, оптоварена со вековни конфликти.
„Напредокот на БиХ не е загрозен од дејтонскиот уставен систем, туку од непромислените обиди за негово поткопување“, рече Додик.
Ново на Сител
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето