Додик: Целиот српски народ мора да даде мислење за косовското прашање
Претседавачот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик во Белград изјави дека „Косово останува во Србија“, која конечно ќе одлучи по ова прашање.
– Без Србите, оваа приказна нема да биде заокружена, порача Додик, објаснувајќи дека ова значи оти „целиот српски народ на крајот ќе мора да даде свое мислење за косовското прашање“.
Коментирајќи ја изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека дијалогот Белград-Приштина треба да продолжи со цел постигнување сеопфатен обврзувачки правен договор во рамките на постоечките граници, што не подразбира создавање „Република Милорад Додик во Косово“, Додик рече дека не знаел оти Харадинај воопшто слушнал за него, но дека треба да знае дека „Република Српска – е република на српскиот народ“.
Додик, на прием во Белград по повод Денот на Република Српска, оцени дека „Косово не го признава половина од човештвото и не може да добие целосна меѓународна верификација”, додавајќи дека Србија има право на Косово и да тој го поддржува она што го прави српскиот претседател Александар Вучиќ по ова прашање.
– Треба да го зајакнеме Вучиќ тука во Србија како преговарач во еден важен момент за српскиот народ како целина, со цел со моќта на волјата на српскиот народ да може да донесува одлуки и да учествува во решавањето на ова тешко прашање, изјави Додик.
Ново на Сител
-
Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патот Крива Паланка – Г.П. Деве Баир
-
Мисајловски и Лафчиски положија венец на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, каде пред 17 години загинаа 11 мировници од Армијата
-
Приведени четири лица, сите од Гевгелиско, осомничени за незаконит лов
-
Во гостиварско Добридол приведени седум странски државјанки поради злоупотреба на туристички престој
-
Во Хрватска започна гласањето во вториот круг од претседателските избори
-
Келог: Светот мора повторно да воспостави максимален притисок врз Иран
-
Забрана за камиони воведена и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку превојот Барбарос
-
Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува